IMG_20210918_163455

Работи со мене 1 на 1

Сакаш во твојот живот да донесеш радост, среќа, љубов, благосостојба и здравје?

Или сакаш да напредуваш на твојот спиритуален пат и да ја откриеш својата животна мисија?

Се што посакуваш може да се оствари!

Донеси ја најважната одлука за себе и одиме кон твојата цел!

На патот кон твојата цел ќе ти покажам специјални техники кои ќе ти помогнат лесно и едноставно да се справуваш со проблемите и предизвиците во животот. Ќе влезеш во повисоко ниво на свесност за да дојдеш во твоето “Автентично Јас” кое ги знае сите одговори на прашањата на кои моментално немаш одговор. Ќе почнеш да работиш и да и веруваш на твојата интуиција која ќе ти помогне да донесуваш добри одлуки и да правиш вистински избори во твојот живот.

Со подигнување на вибрацијата на повисоко ниво, твоето тело ќе биде полно со енергија, витално и подмладено, а ти ќе можеш да го живееш животот среќно, задоволно и опуштено.

Физиотерапија

Физиотерапијата може да помогне во решавање на проблемите кои постојат на мускуло – скелетниот систем. Некогаш проблемот може целосно да се реши, некогаш се решава но повторно се враќа. Проблемот на физичкото тело всушност е симптом  додека причината за проблемот се наоѓа на некој нивоа од нашето битие. За да се дојде до комплетно ослободување од проблемот потребен е холистички пристап. Тоа значи да се набљудува човекот како целина, а не само сегментот кој е засегнат.

За ослободување од било каква болка или болест најважно е да се пристапи холистички за да можат да се пронајдат и третираат причините кои постојат и на другите делови од суптилно енергетското тело за да може комплетно да се разреши проблемот.

1630271354737
1630271354733

Енергетски третмани

За да бидеме здрави и да се чувствуваме добро во телото потребен е константен непречен проток на чиста витална животна енергија. Енергијата во човековото тело се движи низ многу канали и ако каналите се блокирани тогаш луѓето се чувствуваат уморно, несигурно, чувствуваат страв и имаат здравствени проблеми.
Енергетскиот третман може да ја подобри циркулацијата да ја намали болката и да ја зголеми вибрацијата на телото. После енергетскиот третман луѓето се чувствуваат одморно и пријатно, чувствуваат цврстина и зголемување на енергијата во телото. Бидејќи енергијата се пренесува низ етерот, енергетскиот третман може да се одвива и на далечина.

СОМА дишење

Сома дишењето претставува тренинг за духот, душата и телото. Тоа е специјална техника која го буди животниот потенцијал, бидејќи е составена од древни техники на дишење, водена медитација и звуци во ритам со музика која се поклопува со нашите мозочни бранови.

Преку секвентното терапевтско дишење се излегува од Матриксот на роботизираниот живот кој го живееме, се отвара нашата повисока свест и се доаѓа во контакт со своето повисоко Јас. Со примена на ова дишење се чистат старите слоеви од себе кои повеќе не ни се потребни и не ни служат и се доаѓа до својата автентичност, се прочистува несвесниот ум и се ослободува потсвеста од негативните отпечатоци, верувања и трауми од минатото, кои не држат подалеку од успех, здравје, благосостојба и среќа.

1632043969492
IMG_20210918_161029

Читање од Морфичко поле

Морфичката резонанца работи преку морфски полиња, кои ги организираат телата на растенијата и животните преку вибрациони обрасци и ги поткрепуваат нивните способности да се регенерираат и заздрават по оштетување. Морфичните полиња исто така ги координираат вибрационите активности на нервниот систем и се тесно поврзани со менталната активност. Полето е интелигентна структура која ги содржи сите информации за сите живи суштества од сите епохи кои постоеле на Земјата.

Преку морфичките полиња нашите умови се проширени надвор од мозокот што ни овозможува превземање на информации од полето. Преку читање на полето можат да се добијат конкретни информации и одговори на прашања поврзани со здравје, кариера, финансии, љубов и личен развиток.


mk_MK