НЕ МОЖЕШ ДА ОТКРИЕШ ЗОШТО ТЕ БОЛИ ВРАТОТ?

Менуваш перница, земаш апчиња за болка, користиш разни креми на вратот, правиш вежби, одиш на терапија, но болката секогаш се враќа?

За да можеш потполно да оздравиш и да се ослободиш од болката во вратот, треба да знаеш која е причината што ја предизвикува болката. Болката што ја чувствуваш на физичкото тело не е причина, таа е симптом. Вистинската причина за болката во вратот не се наоѓа на болното место, туку постои на некој слој од твоето енергетско тело.

Со откривање на причината која стои позади твојата болка, ќе знаеш што точно ќе ти помогне за да го решиш својот проблем и да немаш никогаш повеќе болки и проблеми во тој дел на телото.

Вратот со својата структура од коски, зглобови, лигаменти и мускули и дава директна подршка на главата и го овозможува нејзиното движење.  Тој е мост помеѓу главата и телото, мост помеѓу умот и срцето. Симболиката во овој проблем вели : кога главата е “претешка”, вратот се “крши “.

Болката во вратот предизвикува најразлични проблеми: болки во горниот дел на грбот и рамениците, болка во вратот, болка што се спушта по рацете, главоболка, вртоглавица и ограничени движења во вратот.

Симптомите се зголемуваат кога се практикуваат активности во кои учествуваат рацете. Тогаш болката станува неподнослива жари, тлее, пече или се јавува молскавична болка на движење.

Одложувањето на справување со проблемот доведува до блокирање на вратот поради спазамот (грч) на мускулите кои сакаат да го заштитат организмот од болка.

Ако се соочуваш со болка во врат и бараш решение за твојот проблем, програмот “ОД БОЛКА ДО СЛОБОДА” ти помага да ја дознаеш причината за твојата болка и да ги откриеш блокадите кои стојат на патот за твоето комплетно оздравување. Пораката што ќе ја добиеш од твојата болка ќе ти помогне да ги направиш вистинските чекори за да се ослободиш од неа.

Преку практикување на вежбите и сеансите на дишење ќе се активира твојот имунолошки систем, ќе се зголеми енергијата во телото, ќе се смири нервниот систем, а сето ова ќе му помогне на твоето тело да се ослободи од болката и да го започне процесот на самоисцелување.

Програмот се изведува онлајн, трае три недели и во него добиваш:

  • Вежби за вратот и телото што ќе ти помогнат да ја вратиш подвижноста во телото и да ја намалиш болката во вратот
  • Аудио снимка за исцелување со звук, која ќе ти помогне за исцелување на проблемот на ниво на енергетско тело
  • Аудио снимка за исцелување преку дишење, која помага да го смириш нервниот систем и да ја зголемиш енергијата во телото за да можеш да ја отпуштиш болката и да се вратиш повторно во баланс
  • Три онлајн коучинг сесии, на кои ќе ти помогнам, да ја откриеш причината што стои позади твојот проблем, да дојдеш до пораката на твојот проблем (зошто ова ми се случува?) за да може твоето исцелување да биде потполно и конечно
  • Три енергетски третмани за смирување на болката и обновување на изгубената енергија
  • Специјални вежби кои го исцелуваат енергетското тело. 

ЗА ДА ПОСТИГНЕШ ПОДОБАР РЕЗУЛТАТ ДОДАДОВ И БОНУС МАТЕРИЈАЛ:

ПРВ БОНУС:

Сет прашања за секоја недела што ќе ти помогнат да ја согледаш пошироката слика за твојот проблем и кои ќе ти дадат одговор на прашањето зошто СЕГА болката е присутна во мојот живот. Со одговарање на прашањата ќе добиеш јаснотија и свесност за препознавање на блокадите кои се препрека за оздравување.             

ВТОР БОНУС:

За да се постигне успех во справување со проблемите во пределот на вратот многу е важно да се одберат вистинските вежби. Затоа во овој програм додадов СПЕЦИЈАЛНИ вежби што ќе можеш да почнеш да ги применуваш веднаш. Тие се дел од моите уникатни третмани од физиотерапија, а ќе ти помогнат да ја смириш болката и да ја повратиш подвижноста на нервите во целото тело, со што ќе добиеш моментално олеснување и подвижност.

СЕ БОРИШ СО БОЛКА ВО КРСТОТ ПОДОЛГО ВРЕМЕ?

Пробуваш да се ослободиш од болката на најразлични начини, но безуспешно, болката упорно се враќа?

Твојот проблем ќе постои се додека не ја пронајдеш причината за болката која всушност се наоѓа на енергетското тело. Лекувајќи ги само сипмтомите на физичкото тело, болката може да се смири привремено, но по некое време таа повторно ќе се врати.

Седентарниот начин на живот, недоволно движење, долгото седење или лежење во кревет, дигање тешки предмети, задржување подолго време во наведната положба и лошото држење на телото се фактори кои дополнително ја влошуваат болката бидејќи го оптеретуваат р’бетниот столб. 

Кога се соочуваш со болка во крстот имаш мака да го држиш телото исправено, се појавува болка кога стоиш, седиш или стануваш, кога се наведнуваш напред или имаш болка на одредени движења. Болката те принудува да завземеш некаква положба во која остануваш закочен/а, бидејќи секое движење ја влошува состојбата и ја зголемува болката.

Ако се соочуваш со болка во кичмата и сакаш да се ослободиш од неа, пријави се за програмот “ИСПРАВИ СЕ БЕЗ МАКА” кој ќе ти помогне да ја дознаеш причината за твојата болка и да ги откриеш блокадите кои те спречуваат комплетно да оздравиш. Пораката што ќе ја добиеш од твојата болка ќе ти помогне да ги направиш вистинските чекори за да се ослободиш од неа.

Преку практикување на вежбите и сеансите на дишење ќе се активира твојот имунолошки систем, ќе се зголеми енергијата во телото, ќе се смири нервниот систем, а сето ова ќе му помогне на твоето тело да се ослободи од болката и да го започне процесот на самоисцелување.

Програмот се изведува онлајн, трае три недели и во него добиваш:

  • Специјални вежби за телото, кои ќе ти помогнат да ја намалиш болката во кичмата и да ја вратиш подвижноста во телото
  • Аудио снимка за исцелување преку звук која ќе ти помогне за исцелување на проблемот кој постои и на енергетското тело
  • Аудио снимка за исцелување преку дишење која помага да го смириш нерниот систем и да ја зголемиш енергијата во твоето тело, за да можеш да ја отпуштиш болката, да може твоето тело да оздрави и да се врати во баланс
  • Три онлајн коучинг сесии на кои ќе ти помогнам да ја откриеш причината што стои позади проблемот, да дојдеш до пораката на твојот проблем ( зошто ова ми се случува?) за да може твоето исцелување да биде конечно и потполно
  • Три енергетски третмани за смирување на болката и обновување на изгубената енергија
  • Специјални вежби кои го исцелуваат енергетското тело.

ЗА ДА ПОСТИГНЕШ ПОДОБАР РЕЗУЛТАТ ДОДАДОВ И БОНУС МАТЕРИЈАЛ:

ПРВ БОНУС:

Сет прашања за секоја недела што ќе ти помогнат да ја согледаш пошироката слика за твојот проблем и кои ќе ти дадат одговор на прашањето зошто СЕГА болката е присутна во мојот живот. Со одговарање на прашањата ќе добиеш јаснотија и свесност за препознавање на блокадите кои се препрека за оздравување. 
 

ВТОР БОНУС:

За да се постигне успех во справување со проблемите во пределот на вратот многу е важно да се одберат вистинските вежби. Затоа во овј програм додадов СПЕЦИЈАЛНИ вежби што ќе можеш да почнеш да ги применуваш веднаш. Тие се дел од моите уникатни третмани од физиотерапија, а ќе ти помогнат да ја смириш болката и да ја вратиш подвижноста на нервите во целото тело, со што ќе добиеш моментално олеснување и подвижност.

Програм за сколиози

ЧУВСТВУВАШ БОЛКИ ВО ГРБОТ ПОРАДИ ИСКРИВУВАЊЕ НА Р'БЕТОТ?

Вежбите по Schroth методата моментално се најдобрите вежби во светот кои се употребуваат за третман на сколиоза и кифоза кај луѓето. Суштината на овие вежби се состои во добивање на стабилност на карлицата, за да може преку неа со автоелонгација да се исправи и корегира р’бетот по исправен редослед. Стегнатиот дел на едната страна од телото се позиционира во истегната положба за да може ефективно да се спроведат специјални вежби на дишење, кои од внатре ги исправаат р’бетот и ребрата. Сето ова се изведува во различни положби со и без реквизити.

Во мојата 33 годишна пракса како физиотерапевт сум работела со илјадници пациенти. Тоа големо искуство ми помогна да согледам како можам уште подобро да им помагам на луѓето кои се соочуваат со болка поради сколиоза и кои сакаат да го поправат деформитетот на своето тело.

Затоа создадов Холистички програм за луѓето кои имаат сколиоза, кој е составен од Schroth  вежби во комбинација со повеќе различни техники на вежби, кои ќе ти помогнат да дознаеш зошто го имаш овој проблем, да го промениш држењето на твоето тело, да го корегираш деформитетот, да ја смалиш болката и да ја зголемиш подвижноста во телото за да се чувствуваш слободно и опуштено во телото.

Програмот трае три недели и во него добиваш:

  • Обука за изведување на Schroth вежбите кои ќе можеш по завршување на програмот да ги работиш сам/а во домашни услови
  • Специјални вежби за целото тело за да се отпушти стегнатиот дел на телото што ќе помогне во исправање на деформитетот
  • Три коучинг сесии на кои ќе ти помогнам да дознаеш зошто сега се соочуваш со ваков проблем и што треба да направиш за да дојдеш до посакувниот резултат
  • Три енергетски третмани кои ќе ти помогнат да ја смалиш болката и да ја обновиш енергијата.
mk_MK