СЕ СООЧУВАШ СО БОЛКА ИЛИ БОЛЕСТ НА ФИЗИЧКОТО ТЕЛО?

Tешко e кога се соочуваш со физичка болка. Ритамот на целиот живот се менува. Многу од обврските што треба да ги завршиш ги чувствуваш како товар или голема препрека, па поради тоа некои работи ќе ти останат незавршени, а многу од твоите желби и соништа неисполнети.

Физичкиот проблем прави да се чувствуваш лошо и да изгледаш лошо. Надворешната промена се забележува по лошото држење на телото, во пореметување на складното движење, во губење на нежноста и сензуалноста. Твојата надворешност ја менува и твојата внатрешност, па постојано се чувствуваш уморно, тромо, слабо, без сила и енергија.

Од оваа тешка ситуација уште потешко е губењето на твојата слобода. Стануваш роб на болката, не си слободен/а да се движиш како сакаш и каде сакаш, не можеш слободно и опуштено да живееш живот каков што сакаш, каков што ЗАСЛУЖУВАШ.

Твојот проблем секојдневно ги загрозува и односите со саканите луѓе бидејќи болката го менува твоето однесување и стануваш нетрпелив/а, раздразлив/а, избувлив/а. Поради постојана загриженост или болка, нема насмевка на твоето лице, не обрнуваш внимание на себе, немаш волја да се дружиш, работната способност ти е намалена, телото предвреме старее и се троши.

Дали ќе помине, дали повеќе ќе ме боли, дали ќе ми се влоши состојбата? Ова се само некои од прашањата со коишто секојдневно се заморуваш. Притисокот секојдневно станува сè поголем и почнуваш со лекување на симптомите што ти пречат и ти создаваат болка. По некое време симптомите можеби ќе се повлечат, но проблемот продолжува да постои, бидејќи причината за настанување на проблемот останува непозната.

“Причината за физичката болка и болест во телото се наоѓа на суптилно-енергетското тело и претставува блокада што го кочи патот на оздравување и исцелување на телото.”

Со исцелувањето на енергетското тело започнува оздравувањето на физичкото тело. Кога ќе се пронајде причината за физичката болка/болест, излекувањето се забрзува и потоа сè што ќе примениме за лекување на физичкото тело, дејствува многу поефикасно. Кога ќе тргнеме на патот на исцелувањето многу често симптомите исчезнуваат и телото, само заздравува.

Можам да ти помогнам да излезеш од твојата состојба преку пронаоѓање на причината за твојата болка, како и пронаоѓање и отстранување на сите други блокади што го кочат твоето оздравување.

Сакаш повторно да се чувствуваш здраво, витално, лесно и опуштено во своето тело? Да се ослободиш од тежината на твојата болка, да спиеш мирно без болки, лесно да се движиш, да можеш повторно да си го планираш своето време и да уживаш во животот?

Влегувајќи во програмата „Живот без болка“ ќе научиш како да ја држиш својата енергија на високо ниво, ќе оствариш подлабока конекција со твоето тело, што ќе ти помогне да ги регулираш своите емоции за да не се таложат на телото и да претставуваат подлога за создавање на болки и болести.

Ослободувањето од твојата физичка болка ќе ја донесе насмевката на твоето лице, ќе се врати твоето добро расположение, опуштеноста и задоволството, а кога сме во ваква рамнотежа тогаш животот е задоволство и уживање.

 Закажи бесплатна консултација ТУКА на која ќе можеш да ми кажеш повеќе за ситуацијата од којашто сакаш да излезеш, со цел да можам да ти понудам план за решавање на твојот проблем.

mk_MK