ТЕ МАЧИ ЕМОТИВНА БОЛКА?

Заедничкиот живот со партнерот може да претставува предизвик, особено кога во животот се појавуваат теми што со себе носат најразлични проблеми. Многу е важен начинот на справување со овие проблеми, бидејќи од тоа зависи дали односот со партнерот ќе стане постабилен или ќе се разниша. За среќен, успешен и хармоничен партнерски однос потребно е посветеност, љубов, добра комуникација, меѓусебно почитување и разбирање.
Многу луѓе живеат во емотивна врска во којашто им недостасува љубов, страст, разбирање и почитување од страна на партнерот. Кога живееме со незадоволство, секојдневието е најчесто исполнето со кавги, страв, лутина и разочарување. Чувството на страв и беспомошност е постојано тука поради тоа што луѓето мислат дека не можат сами понатаму, се плашат за својата егзистенција, во бракот остануваат поради финансиите, сигурноста или поради децата.
Проблемите може да траат со години, а емоциите што се создаваат во тензичните ситуации се потиснуваат и се таложат на различни места во телото. Тие се всушност голема неослободена енергија од којашто се создаваат блокади што се основа за создавање на болки и болести во телото.

Каква е твојата болка?

1. Проблеми во партнерскиот однос.
Партнерскиот однос е нешто што постојано расте и се развива. Проблемите поврзани со финансии, деца, однос со родители или кариера, често се причина за несогласување во партнерскиот однос.
За решавање на каков било проблем, потребна е добра комуникација помеѓу тебе и партнерот. Добра комуникација подразбира дека можеш слободно да ги изразиш своите ставови, потреби, желби и да зборуваш за своите проблеми без да се плашиш дека ќе бидеш исмеан/а и осудуван/а. Комуникацијата е вештина што се учи и ако добро се владее, се отвораат вратите на твојот успех.

Дали се чувствуваш емотивно празно, беспомошно, тажно и разочарано во емотивниот однос со партнерот? Не сакаш повеќе да постои тензија меѓу вас, ледена атмосфера и лутина што трае со денови. Сигурно сакаш партнерски однос кој е полн со почитување, разбирање, љубов и нежност. Сакаш партнер пред кој не се плашиш да се отвориш, партнер кој те прифаќа во целост и те подржува да растеш и да се развиваш.

Програмата „Живот без болка“ ќе ти помогне да ги исцелиш твоите емотивни рани и да поставиш темел за нов прекрасен мирен живот со партнерот исполнет со љубов, почит и разбирање.  Преку оваа длабока трансформација ќе добиеш јаснотија во твојот живот и ќе стекнеш сигурност, ќе ја зајакнеш самодовербата, мислите во умот ќе се сталожат и длабоко ќе се поврзеш со себе и својата енергија. 
Со отпуштање на блокадите што ти пречат да оствариш успешна емотивна врска, ќе добиеш свесност за однесувањето и твоите постапки што ги користиш со години, а коишто те втурнуваат во проблеми. Твојата внатрешна трансформација автоматски ќе влијае позитивно на твојата емотивна врска, ќе ја исцели и ќе ја подигне на едно повисоко ниво. Ниво, на кое ти ќе се чувствуваш слободно, релаксирано, исполнето и задоволно.

2. Немам партнер.
Пронаоѓањето на вистинскиот партнер не е едноставна работа, особено ако твоите емотивни врски во минатото се завршувале неуспешно.
Програмата „Живот без болка“ може да ти помогне да ги согледаш грешките што постојано ги повторуваш во секоја емотивна врска и да откриеш зошто привлекуваш погрешни партнери.
Секој наш партнер е рефлексија на она што сме ние во моментот. Партнерот е наше огледало што ни покажува точно какви сме ние во тој момент и што е тоа што кај себе треба да го промениме за да можеме да бидеме среќни и да уживаме во животот.
Што треба да се промени за да можеш да ја привлечеш твојата сродна душа?
Промената ќе се случи кога ќе се поврзеш со себе на подлабоко ниво, за да може да ја исцелиш твојата женска и машка енергија, да ги откриеш и отстраниш блокадите што ти пречат да ја пронајдеш твојата среќа. Со преоѓање во повисока свесност, се отвораат безброј нови можности во твојот живот, се укажуваат нови можности, што ти овозможуваат да привлечеш партнер со кој ќе живееш во складна емотивна врска исполнета со љубов, разбирање и почитување.

3. Не можам да го преболам разделувањето од партнерот.
Ниту една разделба не е лесна. Кога во животот се соочуваш со разделба од емотивниот партнер, чувствуваш дека твојот свет се урива, ранет/а си, се чувствуваш слаб/а, не знаеш како понатаму во животот. Како да си ја изгубил/а силата, насмевката не го краси твоето лице поради тоа што во твојата глава се вртат безброј мисли, се чувствуваш осамено, несигурно, страв ти е како понатаму сам/а…
Разделбата од саканата личност е процес во нашиот живот низ којшто сите сме поминале. Кога се справуваме сами со болката долго време се чувствуваме изгубено, без самодоверба, нерасположено, со намалено количество на енергија во телото, а емоциите не прогонуваат со месеци, а некогаш и со години. Важно е во вакви тешки ситуации да имаш некој покрај тебе што ќе те разбере, ќе ти пружи поддршка и ќе ти го покаже пократкиот пат до твоето целосно закрепнување.
 “Програмата „Живот без болка“  е создадена за луѓе што сакаат и се спремни да ја исцелат својата емотивна болка и што сакаат да научат како во иднина да донесуваат добри одлуки и да прават избори што се во согласност на нивната душа.”
Ако и тебе те мачи овој проблем пријави се за оваа програма со која ќе влезеш во длабока внатрешна трансформација за да го исцелиш твоето повредено срце, да ги отпуштиш сите емоции коишто прават да си тажен/а со денови и да се поврзеш со себе на подлабоко ниво, за да можеш да дојдеш до твојата внатрешна убавина која ја активира љубовта спрема себе. Ќе ја зајакнеш својата енергија и ќе го откриеш својот безграничен потенцијал со кој животот ќе ти стане едно прекрасно патување на кое со леснотија се остваруваат твоите желби и соништа.

Закажи бесплатна консултација ТУКА на која ќе можеш да ми кажеш повеќе за ситуацијата од којашто сакаш да излезеш, со цел да можам да ти понудам план за решавање на твојот проблем.

mk_MK