Прочитајте дел од искуствата на моите клиенти

Со Маја се знаеме подолго време. Со години сведочев на нејзината способност и вешти раце како физиотерапевт. Но патиштата ни се сретнаа и на друго поле. Јас подолг период се соочував со физичка болка за која немаше медицинско објаснување, од каде се појавува и зошто. Следеа тешки 2 години за мене со фрустрирачка болка за која не го знаев потеклото. Се обидував на различни начини да си помогнам, но и тоа беше без успех.
Иако редновно ја следев Маја и бев во тек со нејзините успеси и постигнувања како коуч, претпоставувам не бев спремна да ја започнеме таа заедничка авантура кој ми помогна да бидам, таа што сум денес.

Некои ќе речат дека е случајност, но јас не верувам во тоа…

Сериозно размислував за мојот следен чекор, што ќе превземам за таа болка и цело незадоволство што го чувствувам. Имав се, а сепак немав ништо… И така едно утро, задлабочена во сопствените мисли, додека пешачев до работа, пред мене се појави Маја. Тоа дефинитивно беше знакот! Не знам како ама знаев дека не смеам да го игнорирам, чувствував дека Маја е човекот кој ми треба.

Ја договоривме првата сесија и „МАГИЈАТА“ започна.

Ќе речам магија затоа што тој процес на исцелување е фантастичен, необичен, вистински, сиров, би му дала и боја и звук меѓутоа убаво е секој спрема сопствено искуство да го направи тоа. Секоја сесија беше мое себе-откривање и трансформација.

Нема да зборувам во детали што опфаќаше целиот процес, само ќе кажам дека:

ЈАС сега сум нов човек
ЈАС не чувствувам болка повеќе
ЈАС стојам цврсто на сопствени нозе
ЈАС ја знам мојата вредност
ЈАС имам самодоверба
ЈАС се сакам себе си
ЈАС ги сакам другите
ЈАС сум благодарна за се!
МАЈА, ТЕ САКАМ!

Ако треба да ја оценам нашата авантура со ѕвездички од 1 до 5  јас ти давам цело соѕвездие.

Симона Т.

Децата среќни, сопругот задоволен, а јас исполнета. Пред некое време мислев дека е невозможна комбинација. Секојдневието ми беше проследено од главоболки, болки во вратот, рамениците, грбот, болки во желудникот, лошење, панични напади, умор, нервоза.

Со месеци одев на доктори и не се утврди никаков здравствен проблем. Сагата продолжуваше се додека не ја сретнав Маја.

Во текот на нашата заедничка работа симптомите почнаа да исчезнуваат еден по еден и невозможната комбинација стана возможна. Ја вратив самодовербата и научив што значи самопочит и поставување на здрави граници.

Голема благодрност до Маја за успешната соработка и многу успех и понатаму во помошта на тие на кого е потребна. Маја несебично го споделува знањето, стручноста, искуството и работи многу посветено.

Драга Маја, добро е човек да те има во својот живот.

Ј.Б.

Maja mi je doshla sinkronicitetom ali na samu terapiju je puno utjecao sukob Ukrajine I Rusije. Stara se rana otvorila I shvatila sam da nisam niti svjesna boli koju nosim dugo, mozda predugo.

Kada sam se odlucila da je Maja ta terapeutkinja s kojom cu raditi doslovno se Svemir pobrinuo da na[I susreti prodju neometano. Iako sam bila skepticna za rad prelo zooma uvjerila sam se da je I to bilo bas kako je trebalo biti I da nisam ostala zakinuta nimalo..

Rad sa Majom opisala bi kaonjezan ali cvrst, polagani ali duboki, slobodan ali usmjereni. Bila je uz mene I drzala me za ruku u doista teshkom periodu, razbistrila pogled na Svijet, umirila Srce I nekako me uspijela nauciti vaznim stvarima koje mislim trebamo svi uciti vec kao djeca.

Moj odnos prema suprugu djeci, obitelji, prijateljima I dru[tvu se promijenio ali ono shto je najbitnije moj odnos prema samoj sebi se promijenio.

Hvala ti Majo na sijemenu ljubavi,  njnosti I razumijevanju koje si posadila u mom srcu.

Masha

Направи промена во својот живот!

Во зависност од она што сакаш да го промениш, без разлика дали си на почеток или веќе си навлезен/а во работата на себе, пронајди ја соодветната програма за вас.

Активирај го твојот моќен потенцијал

Активирај го твојот моќен потенцијал

Преземи ја контролата врз твојот живот: Трансформирај ја твојата енергија, дојди до најмоќниот дел во себе и привлечи ја реалноста што ја посакуваш.

Моќен старт програм

Моќен старт програм

Започни го твоето исцелување со моќни вежби за физичкото и енергетското тело, за да ги стопираш негативните настани во твојот живот, да се стабилизираш и да почнеш да се движиш нагоре во животот.

Дали се соочуваш со болка во вратот?

Дали се соочуваш со болка во вратот?

Откриј ја причината за твојата болка и надмини ги блокадите што те спречуваат да оздравиш и да живееш опуштено без страв дека болката повторно ќе се врати.

Предизвик - 21 ден Љубов према себе

Предизвик - 21 ден Љубов према себе

21 техника за да ја активираш и зајакнеш во себе најмоќната вибрација во Универзумот: Љубовта за да, со леснотија ги исполниш твоите најголеми желби.