Предизвик – 21 ден Љубов према себе
8.490,00 ден
Донеси повеќе успех и благосостојба во својот живот отварајќи го енергетскиот центар на срцето со програмот 21 ден Self Love предизвик. Овој програм ќе ти помогне да го отвориш енергетскиот центар на срцето, да се усогласиш со енергијата на љубовта и да ја зајакнеш љубовта спрема себе за да чувствуваш задоволно, опуштено и среќно, да имаш слобода ги остваруваш твоите желби и да имаш самодоверба да ги направиш промените што сега се потребни во твојот живот.
Енергија на Љубовта - твојата супер моќ
Највозвишената, највисоката и најмоќната вибрација во Универзумот е љубовта. Таа е нашата супер моќ, основна креативна сила со која создаваме што и да посакаме.
Со љубов го избираме партнерот, домот, со љубов раѓаме и растеме деца со љубов ја избираме нашата професија со љубов ја работиме работата, едноставно без љубов не постои живот.
Најдоброто нешто е тоа што секој човек во неограничени количини може со енергијата на љубовта да создава и креира се што ќе посака.
Со затворено срце тешко се доаѓа до тоа што го посакуваме
Кога енергија не ја усмеруваме кон внатрешноста, кога живееме под стрес, кога чувствуваме анксиозност или сме поминале низ емоционални кризи, енергетскиот центар на срцето и другите енергетски центри во телото се затвараат.
Тогаш животот се одвива со тешкотија, под притисок и со нервоза поради недостаток на енергија, слобода и креативност и поради ограничените опции што доаѓаат од умот кој со своите мисли, ставови, уверувања и програми постојано привлекува исти или слични ситуации во кои не се чувствуваш добро бидејќи ги искусуваш постојано истите негативни чувства.
Поради затворен енергетски центар на срцето може да чувствуваш болки во горниот дел од телото, да имаш проблеми со циркулацијата, со низок или висок крвен притисок, но исто така имаш потреба често да се изолираш, се чувствуваш осамено, се лутиш на луѓето што ги сакаш, имаш потреба постојано да се браниш, тешко им веруваш на другите, се ставаш во улога на спасител или на жртва.
Како 21 ден Self Loveпредизвик ќе го промени твојот живот
21 ден Self Love предизвик е дизајниран да ти помогне да го отвориш своето срце дозволувајќи леснотијата и среќата да влезат во твојот живот. Овој програм е уникатен пристап кон личниот развој во кој трансформацијата се одвива низ активности кои смирено, нежно и опуштено ќе те доведат до повисоко ниво на свесност. А тоа е особено важно бидејќи сите знаеме дека не можеме да го решиме проблемот со истата свест со која сме го креирале. Затоа секогаш кога се преоѓа на нова повисока свесност реалноста почнува да се менува и се отвора вратата до поголем успех и благосостојба на секое поле од животот.
За разлика од други програми кои се фокусираат само на еден аспект од личниот развој овој програм има холистички пристап, односно делува на менталното, емотивното, енергетското и физичкото тело.
Активностите претставени во видеата се насочени кон подобрување на твојот ментален фокус и стекнување на нови вештини за отпуштање на стресот и добивање на поголема јаснотија во себе.
Видеата вклучуваат техники и вежби кои помагаат во ослободување од негативните потиснати емоции и промовирање на позитивни емоции што ќе ти помогне да ја изградиш својата емотивна стабилност и да се чувствуваш поисполнето и среќно.
Физичките вежби се дизајнирани да го опуштат и енергизираат твоето тело и ќе ти помогнат да се чувствуваш подобро и поздраво во твоето тело.
Со секојдневното практикување на активностите ќе ја активираш, балансираш и стабилизираш својата енергија , а после 21 ден ќе имаш доволно активности за да ја направиш својата дневна рутина која ќе ти помогне да се чувствуваш стабилно, сигирно и да имаш повеќе самодоверба да се справиш со сите предизвици што се сега на твојот пат.
Активностите можеш да ги практикуваш во свој ритам, што ти овозможува да го адаптираш програмот според твоето време и според твоите лични потреби.
Предизвик – 21 ден Љубов према себе
8.490,00 ден