Дали се соочуваш со болка во вратот или во кичмата?

111.000,00 ден

Вратот е мост помеѓу умот и срцето. Тој е пат по кој треба умот да се “спушти” во срцето, но многу често умот не попушта па главата станува претешка за вратот и вратот се “крши”.

Со болка во вратот многу тешко се извршуваат секојдневните обврски. Болката предизвикува вкочанетост и ограничени болни движења во вратот – штом ќе земеш нешто да работиш со рацете те запира молскавична болка во вратот која жари, тлее, пече.

Си пробала се за да се ослободиш од болката, но лекувањето тешко оди нема долготраен ефект и не ти е јасно од каде се појавува болката и зошто не можеш засекогаш да се ослободиш од неа.

Знам како се чувствуваш и јас во минатото многу често се соочував со болка во вратот. Болката комплетно го парализираше мојот живот, ништо не можев да работам со рацете, тешко ми беше да спијам, да се завртам и да станам од кревет, не можев ниту да седам нормално – целата бев закочена. Покрај проблем со вратот имав проблеми и со кичмата, со вените, со срцебиење, главоболка, вртоглавица.

Од моето тогашно знаење од физиотерапија, претпоставував дека болката е тука поради тоа што можеби лошо сум спиела или сум направила некое незгодно движење, повеќе време сум била во некоја позиција и дека болката се појавува поради одредена дијагноза на вратот како : спондилоза, дископатија, дискус хернија, стеснување итн. Се прашував зошто медицината секогаш болката ја поврзува со дијагнозата кога сите луѓе со иста дијагноза немаат болка или зошто кога болката ќе се смири промените кои се опишани во дијагнозата не исчезнуваат?
Иако имав завршено многу светски познати техники од физиотерапија за жал не можев истите да ги применам на себе, па за да се ослободам од болката купував секакви перници, земав апчиња за болка, користев разни креми на вратот, правев вежби, си аплицирав терапија, одев на масажа кај колегите и после неколку недели проследени со тешкотија во нормалното функционирање, болката ќе се смиреше. Во меѓувреме постојано стравував да не ми се врати болката, бидејќи често ми се случуваше од болката во вратот да добијам јака главоболка од која што добивав нагон за повраќање.

Никако не можев да откријам зошто лекувањето не е успешно, односно зошто болката кај мене и кај моите клиенти после некое време се повторува!

Тоа остана мистерија за мене се додека не се соочив со посериозен здравствен проблем – добив парализа на стопало.

Тогаш морав подлабоко да погледнам во себе и да почнам да работам на исцелување и трансформирање на мојата енергија за да се ослободам од блокадите за кои беше закачена физичката и емотивната болка, а кои ме спречуваа да оздравам и да бидам среќна и задоволна.

За мене

Имам природна дарба за работа со енергија и лесно ги подучувам луѓето како да работат на својата енергија. Ја чувствувам длабочината на луѓето и да можам да ја читам нивната енергија. Сојузник во постигнување сите успеси во животот е мојата моќна интуиција, но тоа не беше одсекогаш така…

На тоа животно патување научив дека за да оздравиш мораш прво да се исцелиш и да се пронајдеш себе и својата вистина.

Мојата болка се повлече, стопалото се излечи, а јас почнав да им помагам на луѓето да ја откријат причината за болката во телото која со години е закачена на енергетско тело и која влијае не само на телото туку и на односите со луѓето, успехот во работата, односот со партнерот, на финансиската состојба – на сите полиња во животот.

Ако имаш болка во вратот и си пробала се за да се ослободиш од неа, но болката пак се враќа, те повикувам да тргнеш со мене на патот на твоето исцелување да ја откриеш причината за болката и пораката што ја има таа за тебе за да можеш да се излечиш.

Преку трансформација на твојата енергија ( тоа е енергијата на мислите, уверувањата, ставовите, програмите) ќе ти помогнам да се ослободиш од блокадите што те спречуваат да оздравиш и да се усогласиш со себе, за да можеш да дојдеш до себе до твојата вистина и до твоето автентично Јас. Кога живееш од тој автентичен дел од твојата вистина болката ќе се повлече од телото, твојот живот ќе се подобри на сите полиња, а ти ќе бидеш здрава, опуштена, смирена и среќна.

Во програмот што специјално го создадов за ослободување од блокадите што го кочат твоето лекување се практикуват вежби за ментално, емотивно, спиритуално и физичко тело со што се активира имунолошки систем, се зголемува енергијата во телото, се смирува нервниот систем што е услов телото да го започне процесот на самоисцелување и оздравување.

 

Болката никогаш не е тука случајно, секоја болка има порака за нас!

Програмот се изведува во тек на десет недели и составен е од 15 сесии кои содржат :

  • Третмани од физиотерапија со кои ќе ти помогнам да се ослободиш од болката (ако не живееш во Скопје, третманите од физиотерапија може да ги замениме со енергетски третмани на далечина)
  • Исцелување на енергетското и физичкото тело преку звук (звучна купка) – звукот ќе направи релаксација на длабоко ниво и ќе ги опушти лигаментите, тетивите, мускулите, фасцијата и ќе го ослободи телото од тензијата што ја предизвикува болката
  • Специјални вежби за кичмата и телото кои ќе ги омекнат закочените мускули, ќе ја вратат нормалната должина на нервите и ќе ги ослободат зглобовите со што ќе се врати подвижноста во телото, а сето тоа ќе ти помогне да се ослободиш од болката и да можеш нормално и лесно да се движиш
  • Аудио снимка за исцелување со звук која ќе ти помогне да го исцелиш енергетското и физичкото тело
  • Вежби со кои ќе работиш на ослободување од блокадите што се наоѓаат на твоето ментално тело – ќе ти помогнат да се ослободиш од негативните мисли и уверувањата што вообичаено ги имаме кога имаме проблем
  • Вежби за емотивното тело – (емоционално чистење) што ќе ти помогнат да ја ослободиш потиснатата негативна енергија на старите емоции што ја носиш со себе со години, а која е една од причините за болката
  • Моќни коучинг сесии на кои ќе ти помогнам:
    • да се ослободиш од блокадите кои го кочат твоето оздравување,
    • да ја откриеш причината што стои позади твојот проблем,
    • да ја добиеш пораката што болката сака да ти ја пренесе
    • да се поврзеш на подабоко ниво со себе
    • да го отуштиш стравот
    • да ја повратиш самодовербата
    • да дојдеш до твоето автентично Јас до твојата вистинска моќ за да бидеш опуштена, здрава, среќна и задоволна и да можеш брзо, лесно и ефикасно да го решиш било кој предизвик што ќе дојде во животот.

БОНУС

Ексклузивниот бонус се состои од вежби кои се дел од физиотерапевтски техники што сум ги научила на едукации кај реномирани светски познати инстуктори и кои сеуште не се познати во Македонија и од вежби што ќе ти помогнат да добиеш уште повеќе јаснотија и свесност таму каде што ти е потребна, да го задржиш нивото на опуштеност и релаксација за да можеш да бидеш опуштена, среќна, здрава и задоволна и да не стравуваш дека болката повторно ќе се појави.

Ослободи се од болката во кичмата

 Целата тежина на свесните и несвесни физички и душевни преоптеретувања се одразува на меѓупршленските дискови на р’бетот. Се додека е возможно дисковите се прилагодуваат на притисокот што доаѓа од надвор и од внатре и кога веќе тој притисок не може повеќе да се трпи, тогаш дискот попушта и настанува проблем.

Болката станува секојдневие и го отежнува секое движење, те кочи во животот: имаш мака да го држиш телото исправено, боли кога стоиш, седиш или стануваш, кога се наведнуваш напред. Трпиш болка, се надеваш ништо не е сериозно ќе помине сама од себе, но колку повеќе трпиш толку повеќе твоето тело ги ограничува движењата и зазема принудна положба во која остануваш закочена.
Од медицинските стручни лица добиваш дијагноза што ти помага да сфатиш што се случува на физичкото тело, но таа дијагноза не е причина за болката , ако е така зошто истата дијагноза кај сите луѓе дава различни симптоми, односно не предизвикува болка?

Сигурна сум дека до сега си ја третирала болката на најразлични начини, но тоа место и понатаму останува осетливо или болката никогаш не исчезнува туку тлее и после некое време повторно се враќа.

Многу одамна истото искуство го имав и јас – болката во кичмата долго време ми го отежнуваше животот : ако бев подолго во наведната позиција (на пр.кога работев со правосмукалка) тешко се исправав, морав на колена да ја мијам косата – се чувствував немоќно и постојано имав страв да не се укочам.

Дома внимавав да не се оптеретувам физички, но на работа тоа беше невозможно, бидејќи како физиотерапевт морам долго да стојам во едно место, да работам наведната над кревет, да ја подржувам тежината на екстермитетите на клиентите додека изведуваат вежби, да им помагам на луѓето со парализа на екстремитетите да станат од кревет…

Болката ја игнорирав кога беше поднослива, а кога ќе се појачаше ја смирував со терапија, масажа и вежби, но по некое време таа повторно ќе се вратеше. Покрај проблем со крстот имав проблеми и со вратот, со вените, со срцебиење, главоболка, вртоглавица.

Позади сите мои проблеми имаше причина која не можев да ја пронајдам се додека еден ден не се соочив со посериозен здравствен проблем – добив парализа на стопалото.

Ситуацијата во која што се најдов ме принуди да погледнам подлабоко во себе и во се што се случуваше во мојот живот. Тргнав на моето големо животно патување на кое комплетно ја трансформирав мојата енергија (енергијата на мислите, ставовите, програмите, уверувањата) се ослободив од физичката и емотивната болка што долго ја потиснував и дојдов до автентичноста, до мојата вистина и научив како:

  • да се ослободам од стравот од неизвесноста (што ако се случи ….?)
  • да ја вратам самодовербата
  • да си верувам и да се чувствувам сигурно и стабилно
  • да одам исправено во животот и да ги остварувам желбите за кои што цел живот сонував
  • да ги регулирам моите емоции
  • да научам да се опуштам
  • да бидам релаксирана
  • да се слушам себе и својата интуиција
  • да се сакам себе си
  • да направам баланс со мојата машката и женската енергија

 

Дали се соочуваш со болка во вратот или во кичмата?

111.000,00 ден