Моќен старт програм
Одблокирај ја енергијата и донеси кај себе здравје, љубов, леснотија, успех, благосостојба и се што посакуваш во животот.
1.500,00 ден
Програма што ќе те врати во твојата вистина – таму каде што живее мирот.
Замисли…
Да се будиш наутро со насмевка.
Да го чувствуваш телото меко, лесно, без тензија.
Да можеш да дишеш длабоко, без стегање, без грижи, без хаос.
Умот тивок. Срцето задоволно. Телото опуштено.
Да си тука – среќна, задоволна, исполнета, сигурна во себе.
Да знаеш што сакаш, да го чувствуваш животот како свој, да ти е убаво во твојата кожа.
Да имаш време за себе. Простор за радост.
Да си опкружена со спокој. Со јасни одлуки. Со леснотија.
Да си ти. Вистинската ти.
Знам дека често чувствуваш како другите да ти ја земаат енергијата
Знам дека…
…често се чувствуваш притиснато.
…знаеш дека нешто треба да се смени ама не знаеш што
…тешко е да направиш промена- од каде да почнеш?
…имаш тензија во телото што не поминува.
…те мачи таа внатрешна борба меѓу умот и срцето.
…се трудиш да бидеш силна, но веќе си уморна.
…има моменти кога мислиш:
„Ова ли е тоа? Зарем вака ќе биде засекогаш?“
Не мора да биде така!
Моќенстарт програм
1.500,00 ден
„Моќен старт програм“ може да ти помогне да го прекинеш тој циклус.
И да те врати кај себе – каде што сè почнува.
Ова е програма што работи длабоко – на твојата состојба, твојата енергија, твоето тело, ум и срце.
Не е само учење. Ова е трансформација.
Ова е процес на враќање – во својот центар, во својата вистина, во својата моќ.
Преку овој програм ќе научиш:
Како да ги смириш мислите и да донесeш јаснотија кај себе

Како да го опуштиш телото и да ја намалиш тензијата

Како да ја отпуштиш потиснатата енергија и да се ослободиш од внатрешните блокади

Како да го стабилизираш нервниот систем за да се чувствуваш опуштено, сигурно и мирно

Како да ја исчистиш негативната енергија

Како да ја активираш својата енергија и да се чувствуваш живо, мотивирано, расположено

Како да се поврзеш со себе на длабоко ниво и да го слушаш својот внатрешен глас
А сето ова ќе ти помогне да ја промениш својата состојба и да дојдеш до:
Повеќе мир, стабилност и опуштеност.

Повеќе леснотија и простор за уживање.

Повеќе енергија и самодоверба

Повеќе фокус и присутност.

Повеќе радост и благодарност.

Повеќе љубов кон себе.
Не мора веќе да одиш сама.
Не мора повеќе ниту еден ден да живееш во незадоволство и да ја трпиш празнината што те обзема. Моќен старт програм е уникатен затоа што во него ќе добиеш техники кои работат на ментално, емотивно, енергетско, спиритуално и физичко тело.
А токму тоа е потребно за да ги отпуштиш блокадите што те држат во твојата ситуација и да се усогласиш со твојата автентична енергија за да почнеш да живееш така како што отсекогаш си чувствувала дека е можно – со леснотија, опуштено и задоволно.
Одбери го МОЌЕН СТАРТ ПРОГРАМ и започни со твојата трансформација денес.
Моќенстарт програм
1.500,00 ден