Без болка и тежина во вратот

Како да се ослободиш од болката и напнатоста во вратот

Практична програма што ќе ти помогне да ја ослободиш напнатоста и болката во вратот, грбот и рамењата и повторно да се чувствуваш лесно и опуштено во своето тело

Ако секој ден почнува исто…

Се будиш…

и уште пред да почне денот, веќе има тежина во вратот.

Не е силна болка секогаш.

Ама е таму.

Во текот на денот се зголемува.

Седење, телефон, обврски…

и некаде попладне веќе почнува да те стега.

Не си слободен/а.

Движењата ти се ограничени и болни, а кога седиш болката те потсетува дека е тука.

Те попречува во работата, не можеш нормално да функционираш.

Не можеш ни да седиш мирно без постојано да ја менуваш положбата.

Се обидуваш да се „размрдаш“.

Правиш некоја вежба.

Можеби и си пробала различни работи.

И на момент ќе попушти.

Ама не потполно.

И не е само вратот

Целото тело како да е во тивка напнатост.

Не може да се опушти целосно.

И колку повеќе се трудиш да го „поправиш“…

толку повеќе боли и се закочува.

И почнуваш да се нервираш што ништо не помага.

Еве што досега никој не ти кажал:

Болката во вратот не е само механички проблем

Таа се наоѓа на повеќе нивоа. Затоа кога го третираш само телото – болката се враќа.

Твојот проблем во вратот е резултат на:

Потиснати емоции
Ментална преоптовареност
Стагнирана енергија