Ако бараш решение како да излезеш од состојбата на незадоволство,
празнина и внатрешна борба, да го средиш својот живот за конечно да се чувствуваш
смирено, среќно и исполнето — овој програм е за тебе.
Знам како е кога…
Се прилагодуваш, но никогаш не е доволно.
Се трудиш да бидеш добра – ќерка, партнерка, мајка, пријателка, но пак нешто не е како што треба.
Кога ќе ја кажеш вистината, лошо те сфаќаат. Кога молчиш – те боли уште повеќе. Пробуваш да разбереш, а се губиш во мислите.
Внатре во тебе те преплавуваат емоции, се обидуваш да бидеш смирена, но во себе чувствуваш немир и тежина во градите, во телото, во душата.
Од сè ти е премногу.
Недостига мир, спокој, леснотија хармонија, блискост и разбирање.
Да можеш конечно да здивнеш и да почувствуваш дека си стабилна, дека си добро – без разлика што се случува околу тебе. Ако си дозволиш да одиш подлабоко во себе и да се поврзеш со твоето незадоволство, тоа ќе ти каже дека си уморна од:
Морам, треба, ќе издржам, ќе потрпам
Од тежината што ја носиш со години
Да се прилагодуваш да погодиш на сите
Да го гушиш својот глас
Да бидеш доволна за сите, а никогаш за себе
Да се ставаш на последно место
Чувствуваш дека е време да престане борбата, да се смири умот,
да излезеш од незадоволството и да го отвориш патот
кон живот во кој си среќна, опуштена, спокојна, задоволна
Враќање кон себе
е програм кој ќе ти помогне да создадеш живот токму таков каков што посакуваш :
Живот во кој владее твојата енергија,
во кој си здрава, среќна, спокојна и исполнета
живот во кој ти ги менуваш условите
и одлучуваш што ќе дојде следно.
Живот во кој желбите и целите се остваруваат со леснотија
без тежина, без отпор и без борба.