Љубовта е главна есенција на патот до остварување желбите

29 May 2024

Љубовта е најмоќната енергија во универзумот. Таа има сила да ги стопи сите негативности, да ги сруши сите блокади и бариери и има моќ да го исцели нашиот живот.

Моќта на љубовта ја активира нашата моќ, бидејќи ако вибрираме на нејзината вибрација и логично е да ги поседуваме истите квалитети на таа енергија, нели?

А квалитетите како инспирација, мотивација, експанзија, целовитост, простување можат комплетно да го променат нашиот живот: од растргнатост помеѓу обврски на работа и дома и многу малку време за себе, кон живот исполнет со мир, среќа и задоволство.

Но за да се случи тоа треба прво да го отвориме нашето срце и да ја најдеме љубовта прво во нас. Ако можеме себе да се сакаме и почитуваме, многу лесно таа љубов ќе ја шириме околу нас и ќе привлекуваме позитивност и успех во животот.

Кога љубовта тече надвор и внатре во нас леснотијата станува наше нормално и почнуваат да се исполнуваат желбите: партнерската врска станува поисполнета со љубов, внимание и разбирање; односите со блиските луѓе се регулираат и стануваат хармонични; се отвараат многу прилики за напредок и успех на професионален план и на секое поле од животот.

Срцето се отвара кога ќе се запознаеме кои сме всушност ние, што сакаме за себе во животот и кога ќе почнеме да го следиме својот внатрешен повик. Усогласување со моќната енергија на љубовта и со нашата интуиција, снага, интелигенција за да биде животот обоен со леснотија, радост, среќа и позитивна возбуда може да се случи кога:

  • Ќе си посветиме време на себе за рефлексија и разбирање на своите мисли, чувства и потреби;
  • Ќе вежбаме самосвесност за себе и своите постапки, така што ќе се фокусираме на сегашноста и на своите мисли, емоции и телесни сензации;
  • Ќе научиме да поставиме граници, односно да можеме да кажеме НЕ кога е потребно и на тој начин да се заштитиме себе од емотивните драми, да го заштедиме своето време, енергија;
  • Ќе се прифатиме такви какви што сме со сите доблести и недостатоци и да си простиме, бидејќи секој човек кој учи и расте – греши, грешките се дел од човештвото;
  • Ќе се грижиме за себе, да го негуваме телото, умот и душата, така што ќе вежбаме релаксација, медитација, физичка активност и други активности што ни одговараат;
  • Ќе ги следиме нашите желби и не се плашиме да ги живееме своите страсти, интереси и соништа, зошто само тогаш има напредок во животот, бидејќи живееме автентично.

Отварање на срцето и активирање на љубовта во себе е процес што бара време и посветеност. Тој процес е убав и моќен, бидејќи енергијата на љубовта е незапирлива и кога ќе влезе во телото се шири и ја исполнува секоја клетка од нашето битие и носи чувства на радост, целовитост, воздигнување и ја носи на површина самодовербата и цврстината што е потребна за да го живееме животот по наша замисла.

Со активирање на љубовта во себе ја ставаме во акција нашата најмоќна енергетска валута која ја отвара нашата вистинска природа и огромниот потенцијал за да може да ги направиме посакуваните промени во животот и да донесеме љубов, здравје, среќа, мир, успех и благосостојба во својот живот.