Моето име е

Maja Ulk
Maja Ulk - За мене

Во зависност од она што сакаш да го промениш, без разлика дали си на почеток или веќе си навлезен/а во работата на себе, пронајди ја соодветната прогама за тебе.

Во моето 37 годишно работно искуство сум помогнала на илјадници луѓе, да излезат од својата болка, да дојдат до својот моќен енергетски потенцијал и да ја изградат својата посакувана реалност.

Имам природна дарба за работа со енергија и лесно ги подучувам луѓето како да работат на својата енергија. Ја чувствувам длабочината на луѓето и да можам да ја читам нивната енергија. Сојузник во постигнување сите успеси во животот е мојата моќна интуиција, но тоа не беше одсекогаш така…

Многу години наназад живеев во незадоволство. Животот ми поминуваше во посветеност кон работата и семејството.

Бев упорна, дисциплинирана и посветена на се што правев, но се ми одеше тешко, со многу вложен труд. Тешкото го прифаќав како нормално, па работев на работа и после работа, работев дома, патував за да учам, работев фул и за викенд се додека еден ден не се претворив во жена – роб која се откажала од себе, која ги исполнува очекувањата на другите, а внатре се чувствува празно и осамено.

Живеев под стрес, се плашев за иднината, стравував дека ќе нема, се плашев од годините пред мене, се плашев дека животот поминува, а јас немам време за се што сакам да направам во животот. Постојано чувствував нелагодност притисок и напнатост, имав проблем без проблем. Имав се за да се чувствувам среќна, мислев дека се чувствувам среќна, но не бев.

Се чувствував разочарано и беспомошно кога размислував дека моите идеи, желби се неостварливи. Сакав да живеам живот во кој ќе има љубов, а не нервози, живот во кој ќе се чувствувам стабилно и сигурно, а не да чувствувам страв, сакав да работам во релаксирана атмосфера и да можам слободно да го применувам моето знаење, сакав живот во кој нема да се грижам за парите за иднината. Копнеев по среќа, мир и уживање во животот и бидејќи не знаев како сето тоа да го донесам кај себе, често замислував како некој или нешто ќе дојде да ме спаси од моето незадоволство.

Заглавена во мојата нејаснотија и збунетост и далеку од самата себе, темата која беше далеку од свеста се спушти во форма на здравствен проблем на моето тело – ми се парализира левото стопало!

Тој знак од Универзумот го сфатив сериозно и на проблемот му пријдов љубопитно и со внимание почнав да слушам што ми зборува мојата душа.

Преку длабока внатрешна трансформација почна мојот пат на исцелување. Почнав да учам како да отпуштам, да се отворам, да примам, да верувам во себе, во Универзумот. Во следните 7 месеци посветено секој ден работев со себе, бев посветена на промената на исцелувањето и успеав да го оздравам моето стопало.

А ти дали знаеш што Универзумот бара од тебе?

Како?

Работев на мојата енергија, учев да ги отпуштам од мојот живот работите што веќе не ми служеа, работев на моите блокади што ме спречуваа да бидам среќна, опуштена, исполнета и задоволна. Го открив мојот моќен енергетски потенцијал, научив како да работам со него, дојдов до себе до мојата автентичност ја подигнав мојата вибрација. Зголемената свесност ја обнови врската со моето тело почнав да го чувствувам своето тело и емоциите што поминуваа низ него, почнав да се разбирам и да се прифаќам себе – постепено ја осветлував мојата сенка.

Темите од мојот живот, кои несвесно ги буткав во таа сенка, дојдоа до мојата свест, ги отпуштив блокадите и се интегрираа потиснатите емоции со што настапи магично исцелување кое беше потребно за да оздрави моето стопало.

Не застанав тука бидејќи промената ми донесе многу добра ми се врати мојата мотивација, љубопитност, пронаоѓање смисла во животот што ме понесе во правец да учам нови и нови техники за да им помагам на луѓето на подлабоко ниво – почнав да ја живеам мојата мисија.

Станав среќна, задоволна, цврста, моќна жена, жена што знае што сака и што го знае патот да го оствари тоа за себе. Се полека си дојде на свое место тоа беше она што универзумот тогаш го бараше од мене.

Превземи ја контролата врз твојот живот
Предизвик - 21 ден Љубов према себе

Активирај го твојот моќен потенцијал

Преземи ја контролата врз твојот живот: Трансформирај ја твојата енергија, дојди до најмоќниот дел во себе и привлечи ја реалноста што ја посакуваш.

Предизвик - 21 ден Љубов према себе

Моќен старт програм

Започни го твоето исцелување со моќни вежби за физичкото и енергетското тело, за да ги стопираш негативните настани во твојот живот, да се стабилизираш и да почнеш да се движиш нагоре во животот.

Предизвик - 21 ден Љубов према себе

Дали се соочуваш со болка во вратот или во кичмата?

Откриј ја причината за твојата болка и надмини ги блокадите што те спречуваат да оздравиш и да живееш опуштено без страв дека болката повторно ќе се врати.

Предизвик - 21 ден Љубов према себе

Предизвик - 21 ден Љубов према себе

21 техника за да ја активираш и зајакнеш во себе најмоќната вибрација во Универзумот: Љубовта за да, со леснотија ги исполниш твоите најголеми желби.

Закажи консултација

Овде може да закажеш и консултација, која служи да добиеш јаснотија за твојата ситуација и да добиеш информации во врска со услугите и програмите за кои си заинтересиран/а.

1 + 5 =

Слободно пиши ми, а јас ќе се обидам да одговорам во рок од 24 часа во работните денови.

Maja Ulk

Закажи консултација

Овде може да закажеш и консултација, која служи да добиеш јаснотија за твојата ситуација и да добиеш информации во врска со услугите и програмите за кои си заинтересиран/а.

9 + 14 =

Слободно пиши ми, а јас ќе се обидам да одговорам во рок од 24 часа во работните денови.

Maja Ulk