Ако бараш решение како да излезеш од состојбата на незадоволство,
празнина и внатрешна борба, да го средиш својот живот за конечно да се чувствуваш
смирено, среќно и
исполнето — овој програм е за тебе.

 

 

 

Знам како е кога…

Се прилагодуваш, но никогаш не е доволно.
Се трудиш да бидеш добра – ќерка, партнерка, мајка, пријателка, но пак нешто не е како што треба.
Кога ќе ја кажеш вистината, лошо те сфаќаат. Кога молчиш – те боли уште повеќе. Пробуваш да разбереш, а се губиш во мислите.
Внатре во тебе те преплавуваат емоции, се обидуваш да бидеш смирена, но во себе чувствуваш немир и тежина во градите, во телото, во душата.

Од сè ти е премногу.

Недостига мир, спокој, леснотија хармонија, блискост и разбирање.
Да можеш конечно да здивнеш и да почувствуваш дека си стабилна, дека си добро – без разлика што се случува околу тебе. Ако си дозволиш да одиш подлабоко во себе и да се поврзеш со твоето незадоволство, тоа ќе ти каже дека си уморна од:

Морам, треба, ќе издржам, ќе потрпам

Од тежината што ја носиш со години

Да се прилагодуваш да погодиш на сите

Да го гушиш својот глас

Да бидеш доволна за сите, а никогаш за себе

Да се ставаш на последно место

Чувствуваш дека е време да престане борбата, да се смири умот,

да излезеш од незадоволството и да го отвориш патот

кон живот во кој си среќна, опуштена, спокојна, задоволна

Враќање кон себе

е програм кој ќе ти помогне да создадеш живот токму таков каков што посакуваш :

Живот во кој владее твојата енергија,

во кој си здрава, среќна, спокојна и исполнета

живот во кој ти ги менуваш условите

и одлучуваш што ќе дојде следно.

Живот во кој желбите и целите се остваруваат со леснотија

без тежина, без отпор и без борба.