Кога долго време живееме со проблемите и со емотивната болка која произлегува од нив, живееме под стрес, а тогаш вибрација на телото се спушта, паѓа одбраната и телото е отворено за болки и болести.
Кога сме соочени со болка таа не не пушта, работи во три смени, па наутро стануваме незадоволни, уморни со чувство на напнатост и стегнатост во телото. И нормално дека нема расположение кога не се чувствуваме добро – болката диктира како да седиме, стоиме или одиме – болката одлучува како ќе се однесуваме.
Кога болката е дел од нашиот живот имаме само една желба таа да замине. Одиме на доктор за да најдеме решение, но збунувачки е тоа што многу пати докторот вели дека се е во ред и дека не гледа никаде проблем, а ние уште трпиме болка.
Многу луѓе доаѓаат кај мене со проблемот: Докторот вели се е ок, а мене пак ме боли!
Голема страст и љубов чувствувам за оваа тема затоа што можам да ја споделам мудроста со луѓето како да се ослободат од болката за никогаш повеќе да не мораат да трпат болка во својот живот. Знаењето и искуството од физиотерапија како и личното искуство ( пред неколку години имав парализирано стопало кое сама го излечив) ме направија експерт на оваа тема.
Како се одвива процесот
Целата фаза на ослободување од болката е сложена и се состои од многу искуствени процеси низ кој што телото поминува за да се ослободи од блокадите што го кочат оздравувањето, да се исцелат ранетите делови, да се интегрираа и да се дојде до себе до својот моќен дел за да може да започне оздравувањето.
Оздравувањето започува со детектирање на вистинската причина, односно зошто болката е сега тука кај нас. Кога ќе ја откриеме причината и ќе ја дознаеме пораката што сака болката да ни ја пренесе, продолжуваме со трансформција на ментално, емотивно, енергетско и физичко тело за да изградиме добра врска и поврзаност со себе и своето тело. Ова ќе помогне да ја развиеме способноста што ни е потребна да ги разбереме и да ги читаме сигналите што ги испраќа телото, што е клучен фактор за да се повлече болката.
Трансформацијата на персоналната енергија продолжува со работа на програмите, уверувањата и ставовите кои од потсвеста го водат нашиот живот ( онака како што не сакаме), со работа на потиснатите емоции (кои имаат опасна количина на неослободена енергија), со чистење на спиритуалното тело ( од разни облици на негативна енергија) и со ослободување на физичкото тело.
Трансформацијата има за цел да не ослободи од се што ни пречи во откривање на нашата скриена автентичност и стабилизирање и градење на најмоќната врска во Унивезумот, а тоа е врската со себе.
Живеејќи автентично сите работи изгледаат поинаку, вибрацијата на телото е повисока и се чувствуваме полно, смирено, опуштено, среќно. Со таков моќен потенцијал секој ден е исполнет со задоволство од себе и својот живот и бидејќи сме поврзани на подлабоко ниво со себе лесно доаѓаме во контакт со својата интуиција која знае да ни дошепне како да постигнеме успех и благосостојба во животот .
Усогласеност со својата вистина ја носи магијата во животот и невозможното станува возможно!. Почнуваат да се исполнуваат долго посакуваните желби, бидејќи го живееме потенцијалот што ја има највисоката мудрост и може лесно, елегантно и опуштено да не води низ животот. Тогаш сме мотивирани и инспирирани да креираме и да создаваме, полни сме со идеи и се оди необично лесно. Кога владееме со својата моќ, тогаш имаме самодоверба и цврстина да направиме се што посакуваме : да најдеме работа која со уживање ќе ја работиме, да ја стабилизираме финансиската ситуација, да уживаме во убава емотивна врска, да ја живееме љубовта слободно – да постигнуваме успех на сите животни полиња.
Моќно, нели?
Затоа кога ќе почувствуваме болка, да не ја третираме само како непријател, да бидеме свесни дека болката е гласник кој носи порака дека е време за промени во животот. Ако ја уважиме и ако се посветиме на себе со почит и со љубопитност болката стварно може да биде одлична шанса да излеземе од конфорната зона да пораснеме и да ги оствариме нашите долго посакувани желби.