Услови за користење

Оваа програма има едукативен карактер и е наменета како поддршка за намалување на болката, подобрување на движењето и подобро разбирање на телото.

Резултатите се индивидуални и зависат од повеќе фактори, како што се здравствената состојба, редовното практикување на програмата, посветеноста и индивидуалниот одговор на организмот. Програмата не е индивидуално прилагодена на вашата здравствена состојба. Пред започнување на програмата не е извршен индивидуален физиотерапевтски преглед, клиничка проценка или индивидуална евалуација, па затоа препораките и вежбите се општи и не можат да ги земат предвид сите специфичности на секој поединец. Оваа програма не претставува медицинска дијагноза, медицински совет или замена за индивидуален преглед и третман. Доколку имате акутна болка, сериозна повреда, невролошки симптоми или друга здравствена состојба што бара медицински третман, консултирајте се со лекар или друг соодветен здравствен работник пред да започнете со програмата.

Со користењето на програмата, прифаќате дека ја следите на сопствена одговорност.

Политика за враќање на средства

По извршеното плаќање и добивањето пристап во програмата, уплатените средства не се враќаат.

Авторски права

Сите материјали од програмата се авторско дело на Маја Улк и се наменети исклучиво за лична употреба. Копирање, споделување или дистрибуција без писмена дозвола не е дозволено.