Овие закони имаат големо влјание на нашата реалност – тие се всушност правила на играта воживотот. Ако сакаме да ги оствариме нашите желби, да напредуваме во животот и да може да постигнеме успех и благосостојба на секое поле,треба добро да ги познавамеправилата на играта.
Постојат многу правила, но најважното правило е да имаме моќ и контрола врз мислите, бидејќи мислата е она што е заедничко и ги поврзува сите закони.
Преку своите мисли, ние ги активираме принципите на законите со што ја креираме сопствената реалност, но исто такаимаме можност да ја промениме и обликуваме нашата околина и нашите искуства.
Акциите што ги превземаме за да дојдеме до нашите цели доаѓаат од мислите и затоа ако сакаме да си ги оствариме целите и желбите и да напредуваме во животот потребно е да знаеме како:
- Да се ослободиме од негативните мисли, убедувања, програми кои нон – стоп се вртат во умот и ја креираат моменталната реалност
- Ментално да креирамејасна визија за нашата цел којатреба да биде конкретна, специфична и реална.
- Да креираме жива слика за нашата цел – визуелизација на детален филм на тоа што го посакуваме
- Да сме поврзани со нашата спиритуална искра внатре и надвор од нас
- Да ја стабилизираме енергијата, односно да сме моќни да ја држиме доволно долго енергијата во свесноста за да може да ја оствариме нашата цел
- Да превземеме акција која е во согласност со нашата цел
Запознавањето и применувањетона законите на универзумот може да биде клучната разлика помеѓу живот полн со леснотија, слобода, среќа и успехи живот во кој што се чувствуваме незадоволни, затворени и ограничени.
Со свесна концентрација и фокус на нашите мисли имаме можност да го обликуваме и креираме нашиот живот на начин кој ни одговара. Воедно, поврзувањето со нашата внатрешна спиритуална искра не води до усогласување со нашата автентичност и стабилизирање на енергијата. На оваа висока вибрација потполно е природно и лесно да креираме моќни работи и со леснотија да ги остваруваме нашите желби и цели во животот.