Враќање кон себе

Твоето патување кон живот исполнет со мир, љубов, здравје и среќа започнува тука.
Почеток: 28.11.2025

Цена: 555 €

За кого е оваа програма?

Ако се чувствуваш исцрпено, незадоволно, преплавено или заглавено во секојдневната трка за да ги задоволиш другите, оваа програма е токму за тебе.

Се грижиш за сите, се трудиш, се насмевнуваш – но внатре нешто е напнато. Сакаш мир, но телото не знае како да се опушти. Сакаш леснотија, радост, но умот не престанува да те држи во грижи.

Се трудиш да бидеш добра ќерка, партнерка, мајка, пријателка, но пак нешто не е како што треба. Кога ќе ја кажеш вистината, лошо те сфаќаат. Кога молчиш, те боли уште повеќе. Пробуваш да разбереш, а се губиш во мислите.

“Однадвор изгледам добро, ама внатре сум уморна…”

Внатре во тебе те преплавуваат емоции, се обидуваш да бидеш смирена, но во себе чувствуваш немир и тежина во градите, во телото, во душата. Ако ова ти е познато, време е да се вратиш дома – кон себе.

Што е „Враќање кон себе“?

Враќање кон себе е програмa којa ќе ти помогне да создадеш живот токму таков каков што посакуваш, живот во кој:

си спокојна, здрава, стабилна и присутна,

го слушаш телото и срцето, наместо стравот,

ги остваруваш своите цели со леснотија, без борба и отпор,

и конечно живееш од својата вистинска енергија – не од навика, не од страв, не од „морам“.

Како се одвива програмата?

Програмата трае 6 недели, во текот на кои ќе се одвива твоето враќање кон себе. По завршувањето, ќе ги имаш алатките, знаењето и свесноста за самостојно да продолжиш да растеш и да се движиш низ животните предизвици.

Во групата ќе бидат жени слични на тебе – отворени, чувствителни, уморни од „морам“ и трпење, но подготвени за вистинска промена. Енергијата на групата ќе биде моќна и ќе те поддржува дури и кога не сме на средба.

По завршување на овие чекори, ќе почувствуваш нова леснотија, јаснотија и внатрешна стабилност, како никогаш порано.

Што добиваш во текот на програмата:

Групни сесии два пати неделно (90 минути):
Ќе те водам низ твојот личен процес, со индивидуален фокус за секоја учесничка.

Постојана поддршка во приватна Facebook група:
Поставувај прашања, споделувај искуства и следи го процесот заедно со другите.

Индивидуална сесија со мене:
Фокусирано на она што ти е најважно.

Практични материјали:
Медитации, прашања и енергетски вежби за повторна употреба.

Посебно е мотивирачки да гледаш како другите жени се отвораат, работат на себе и го менуваат својот живот. Ќе сфатиш дека не си сама и дека промена е можна, убава и вистинска.
Овој програм е твојата инвестиција во највредното нешто што го имаш – себе.
Дали се спремна да се вратиш кон себе?

На што работиме во програмата?

 

Секој чекор од програмата е внимателно дизајниран да те води кон слобода, мир и енергетска хармонија. 
Ова не е само теорија – тоа е практичен процес кој ќе ти помогне да го почувстваш вистинското олеснување, стабилност и радост во телото, умот и срцето.

Откривање и ослободување на блокадите:
ќе ја препознаеш старото што те држи назад и ќе научиш како да се ослободиш од тоа.

Работа со емоции и уверувања:
ќе препознаеш и отпуштиш потиснати емоции и мисли што те саботираат.

Поставување здрави граници:
со љубов и јасност, без чувство на вина и замор.

Комуникација од срце:
ќе зборуваш отворено и ќе бидеш разбрана без кавги.

Исцелување на внатрешното дете:
да го смириш делот од себе што долго те сопирал.

Чистење и балансирање на енергетското тело:
ослободување на протокот на енергија за здравје и успех.

Управување со енергијата и подигање на вибрацијата:
создавање со намера, а не со напор, и привлекување позитивни ситуации и луѓе.

Замисли живот во кој се будиш со леснотија, каде умот е смирен, срцето исполнето, а твојата енергија е стабилна и магнетична. Живот каде желбите и целите се остваруваат природно, без отпор и стрес.

Враќање кон себе е програма создадена за жени кои сакаат да излезат од чувството на празнина, внатрешна борба и исцрпеност, и конечно да се почувствуваат опуштени, сигурни и исполнети.

Какви резултати да очекуваш?

По завршувањето на програмата, ќе забележиш реални и видливи промени што ќе ги почувствуваш веднаш во секојдневието:

  • Односите околу тебе стануваат хармонични и топли:
    Нема недоразбирања, нема напнатост, нема работи што се туркаат под тепих. Твоето присуство создава мир.
  • Си опуштена и уверена пред партнерот и семејството:
    Ќе можеш да кажеш и да одлучиш без страв, да се предадеш на моментот и да уживаш во врската.
  • Се ослободуваш од стресот и напнатоста во телото:
    Умот се смирува, телото се релаксира, а твојата енергија повторно тече слободно.
  • Луѓето што не резонираат со твојата нова енергија си заминуваат:
    На нивно место доаѓаат посвесни и поквалитетни луѓе кои те поддржуваат и растат со тебе.
  • Проблемите стануваат предизвици што лесно се менаџираат:
    Ќе можеш да ги видиш ситуациите од различни перспективи и да постапуваш со јаснотија и мудрост.
  • Твојата реалност се усогласува со твојата внатрешност:Наместо да трчаш по нешто, ќе го привлекуваш со своето присуство… и тоа природно.

Спремна ли си да го почувствуваш вистинскиот мир, радост и леснотија во твојот живот?

Започни сега и направи го првиот чекор кон животот кој го посакуваш!

Пријави се тука!
555€ за целосно враќање кон себе
 

Пред да донесеш одлука

 

можеби сакаш да чуеш како ова патување го промени животот

на другите жени кои веќе поминаа низ него.
 

Една одлука може да ја промени насоката на целиот твој живот.

Бев заглавена во една иста матрица и не знев како да најдам излез од неа. На фб (сега знам дека не е случајно🙂)ми излезе Маја. Ме привлече нејзината енергија и почнавме да работиме.
Пред да започнам да работам со Маја во мојот живот се одеше со тешко и бев збунета и незадоволна.

Маја ми помогна да ги пронајдам и да ги отпуштам блокадите и да видам зошто стоев во место. Ме научи како да ја стабилизирам и да работам со мојата енергија и како побрзо и полесно да го донесам во мојот живот тоа што го посакувам.

Одкога почнавме да работиме, мојот живот се движи само по нагорна патека. Веднаш од никаде се отворија нови шанси за работа. Се подобри односот со домашните. Јас станав смирена имам повеќе самодоверба, среќна сум. На работа не влегувам во стрес и не останувам после работно време, а тоа ми беше голем проблем…
Елизабета

“.Фала ти што ми помогна да се пронајдам себе. Бев во хаотична ситуација. Умот ми зборуваше без прекин, а од внатре бев замрзната – ништо не чувствував. На работа се нервирав, дома притисок – трпев за мир во куќа.
Со тебе започна нов светол дел во мојот живот.
За мене беше интересно кога видов каде се имаме блокади и баш осетив големо олеснување кога се ослободија блокадите – тогаш се подобри се во мојот живот. Во односот со маж ми сега можеме да се разбиреме има повеќе почит , децата повеќе не ме игнорираат сакаат да бидат со мене, а односот со моите родители стана потопол.
Најмногу сум благодарна за тоа дека сега моето тело е мирно, јас си имам мир и за тоа што сега знам што чувствувам, не се плашам од емоциите. Колку е човек смирен кога е во контакт со себе… ”

Марина

Ти благодарам Маја, на сите им кажувам колку сум задоволна од работата со тебе Гледам колку многу работи освестив. Полека си доаѓа се на свое. Имам поголем мир, мотивирана сум и среќна, си поставив нови цели, со душа чекам да ги остварам зошто сега знам како да не се нервирам и да не се исцрпувам. Благодарна сум за сите моменти во животот.
Откако работам со тебе се чувствувам полесно и послободно-  зацелена сум, подобри се односите со луѓето околу мене, се чувствувам стабилно и имам повеќе самодоверба. Мислев дека знам да комуницирам и не сум имала проблем да ја кажам мојата вистина, само што потоа или ќе настанеше кавга или некој ќе ми се налутеше. Со тебе научив како да зборувам од срце за да ме разберат другите. Мислам дека тоа направи најголема промена во мојот живот – сега за мене не постои затворена врата…
Оле

Најчесто поставувани прашања
Сите детали што можеби те интересираат за програмата.

Колку трае програмата и колку време треба да вложам неделно?

Програмата трае 6 недели. Има 2 групни сесии неделно (по 90 минути) и една индивидуална сесија. Плус, ќе имаш кратки домашни задачи, медитации и вежби кои можеш да ги користиш според својата удобност.

 

Што ако не можам да присуствувам на сесијата?

Сите средби се снимаат, па ќе можеш да ги погледнеш во било кое време. Исто така, ќе имаш пристап до материјалите и вежбите една година.

 

Дали оваа програма е за мене ако сум нова во личен развој и работа со енергија?

Апсолутно. Програмата е дизајнирана за сите жени без разлика дали си нова или веќе имаш искуство. Секој чекор е практичен и лесно применлив.

Дали ќе добијам поддршка надвор од групните сесии?

Да, ќе имаш постојана поддршка во затворена Facebook група каде можеш да поставуваш прашања, да споделуваш искуства и да се поврзеш со другите учеснички.

Дали можам да платам на рати?

Да, можеш да ја платиш програмата во две рати: 2 x 290 €.

Да, сакам да се пријавам сега и да се поврзам со себе