Сакаш да си среќна и задоволна со својот живот, твојата врска со партнерот да е исполнета со љубов, разбирање и внимание, да бидеш успешна и со задоволство одиш на работа, да напредуваш во кариерата и имаш супер односи со луѓето околу тебе.
Се што го посакуваш за себе, а можеш брзо и лесно да го оствариш ако ја активираш твојата персонална енергија која ја отвара вратата до најмоќниот дел од тебе – до твоето автентично Јас.
Кога делуваш од ова моќно место ти си усогласена со твојата цврста самоуверена моќна жена која ги донесува вистинските одлуки за себе го живее животот во полна слобода остварувајќи ги своите желби, бидејќи е способна и моќна да стави крај на сето она што ја слабее и спушта нејзината енергија.
Бесплатна чек листа
Се соочуваш со последиците од стрес: болки во телото, анксиозност, депресија, главоболки, загриженост, несоница, вртоглавица, висок притисок? Ти треба помош како да се избориш со секојдневниот стрес?
Спремив за тебе чек – листа која ќе ти помогне:
- Да провериш дали се соочуваш со стрес
- Како со 10 чекори можеш да се ослободиш од последиците од стресот што ги трпиш.
- Неделна чек-листа за да можеш секојдневно да ги бележиш чекорите што ги применуваш за да се ослободиш од стресот.
Добиј ја оваа чек листа на меил
За мене
Tе поздравувам и се радувам што ќе се запознаеме. Моето име е Маја Улк. Јас сум холистички терапевт, кој во својата работа ја спојува енергетската работа и знаењето од медицина за да им помогне на луѓето да се ослободат од својот проблем и да креираат во својот живот среќа мир и опуштеност. Во моето 37 годишно работно искуство сум помогнала на илјадници луѓе, да излезат од својата болка, да дојдат до својот моќен енергетски потенцијал и да ја изградат својата посакувана реалност.
Имам природна дарба за работа со енергија и лесно ги подучувам луѓето како да работат на својата енергија. Ја чувствувам длабочината на луѓето и да можам да ја читам нивната енергија. Сојузник во постигнување сите успеси во животот е мојата моќна интуиција, но тоа не беше одсекогаш така…
Многу години наназад живеев во незадоволство. Животот ми поминуваше во посветеност кон работата и семејството.
Бев упорна, дисциплинирана и посветена на се што правев, но се ми одеше тешко, со многу вложен труд. Тешкото го прифаќав како нормално, па работев на работа и после работа, работев дома, патував за да учам, работев фул и за викенд се додека еден ден не се претворив во жена – роб која се откажала од себе, која ги исполнува очекувањата на другите, а внатре се чувствува празно и осамено.
Живеев под стрес, се плашев за иднината, стравував дека ќе нема, се плашев од годините пред мене, се плашев дека животот поминува, а јас немам време за се што сакам да направам во животот. Постојано чувствував нелагодност притисок и напнатост, имав проблем без проблем. Имав се за да се чувствувам среќна, мислев дека се чувствувам среќна, но не бев.
Се чувствував разочарано и беспомошно кога размислував дека моите идеи, желби се неостварливи. Сакав да живеам живот во кој ќе има љубов, а не нервози, живот во кој ќе се чувствувам стабилно и сигурно, а не да чувствувам страв, сакав да работам во релаксирана атмосфера и да можам слободно да го применувам моето знаење, сакав живот во кој нема да се грижам за парите за иднината. Копнеев по среќа, мир и уживање во животот и бидејќи не знаев како сето тоа да го донесам кај себе, често замислував како некој или нешто ќе дојде да ме спаси од моето незадоволство.
Заглавена во мојата нејаснотија и збунетост и далеку од самата себе, темата која беше далеку од свеста се спушти во форма на здравствен проблем на моето тело – ми се парализира левото стопало!
Тој знак од Универзумот го сфатив сериозно и на проблемот му пријдов љубопитно и со внимание почнав да слушам што ми зборува мојата душа.
Преку длабока внатрешна трансформација почна мојот пат на исцелување. Почнав да учам како да отпуштам, да се отворам, да примам, да верувам во себе, во Универзумот. Во следните 7 месеци посветено секој ден работев со себе, бев посветена на промената на исцелувањето и успеав да го оздравам моето стопало.
Направи промена во својот живот!
Активирај го твојот моќен потенцијал
Преземи ја контролата врз твојот живот: Трансформирај ја твојата енергија, дојди до најмоќниот дел во себе и привлечи ја реалноста што ја посакуваш.
Моќен старт програм
Започни го твоето исцелување со моќни вежби за физичкото и енергетското тело, за да ги стопираш негативните настани во твојот живот, да се стабилизираш и да почнеш да се движиш нагоре во животот.
Дали се соочуваш со болка во вратот или во кичмата?
Откриј ја причината за твојата болка и надмини ги блокадите што те спречуваат да оздравиш и да живееш опуштено без страв дека болката повторно ќе се врати.
Предизвик - 21 ден Љубов према себе
21 техника за да ја активираш и зајакнеш во себе најмоќната вибрација во Универзумот: Љубовта за да, со леснотија ги исполниш твоите најголеми желби.
Прочитајте дел од искуствата на моите клиенти
Најнови блог објави
Болката е одлична шанса за раст и напредок во животот
Кога долго време живееме со проблемите и со емотивната болка која произлегува од нив, живееме под стрес, а...
Како се креира успех и благосостојба со моќта на мислите
Во Универзумот владеат закони како :Закон на привлекување, Закон за одржување на енергија, закон на љубовта, Закон на инспирирана акција,Закон на...
Љубовта е главна есенција на патот до остварување желбите
Љубовта е најмоќната енергија во универзумот. Таа има сила да ги стопи сите негативности, да ги сруши сите блокади и бариери и има моќ да го исцели...
Често поставувани прашања
Доколку не го пронајдеш својот одговор, контактирај ме преку контакт формата
Дали сесиите се онлајн или во живо?
Индивидуалните сесии можат да се одржат онлајн и со физичко присуство.
Колку сесии ми се потребни за да направам промена во мојот живот?
Сесиите се структуирани во програми, со кои за одреден временски период може најдобро, прецизно, лесно и брзо да се стигне до посакуваниот резултат.
Кога ќе може да ја видам првата промена?
Првите промени започнуваат со првата сесија – бидејќи енергијата делува веднаш!
Дали резултатите се трајни, бидејќи кога работам со некого се е ок, а кога ќе завршам повторно сум во истата ситуација?
Резултатите што ќе ги постигнеш посетувајќи некој од моите програми се трајни, бидејќи со секој програм ти имаш и материјали кои ќе ти помогнат понатаму сам/а да работиш на себе.
Дали можам да закажам третман од физиотерапија?
Да, само што мојот третман од физиотерапија не е обичен третман, туку е уникатен, збогатен со техники кои работат на исцелување на физичкото и енергетското тело.
Кои техники се употребуваат во текот на сесиите?
Комбинирам во зависност од потребата на клиентот, во продолжение листа на сите едукации кои ги имам поминато:
- Ericкson Solution Focus Coach, Србија
- Sacred drumming, Хрватска
- SOMA breath instructor, Англија
- Supercharge your chakras, Америка
- Holistic Coach LENS, Србија
- Theta healing Basic DNA, Србија
- Theta healing Rainbow Children
- Young Asult, Србија
- Crystal healing, Америка
- Коуч за читање од Морфичко поле, Србија
- Human universal energy, Македонија
- Atma Kriya Yoga, Македонија
- Fascia Bodywork Level I, Србија
- Barcelona scoliosis physical therapy school, Schroth method, Србија
- Advanced course PNF 3, Словенија
- Mobilisations with movement – Brian Mulligan’s Concept, Словенија
- Integration of Neurodynamics in Neurology, Словенија
- PNF course 1,2, Македонија
- Mobilization of nervous system, Словенија
- Course of Kinesio Taping Advanced II, Србија
- Course of Kinesio Taping Basic I, Македонија
- Тренинг за детска рехабилитација со посебен акцент на Церебрална парализа, Македонија
- Средно медицинско училиште – смер физиотерапевт, Скопје, Македонија 1986 г.